Венецуела го суспендираше протерувањето на американските дипломати за 30 дена

Венецуела во саботата ја суспендираше одлуката за протерување на американските дипломати за 30 дена, а во тој период би требало да се постигне договор за воспоставување Биро за инетереси на САД во оваа латиномаериканска земја, откако официјален Каракас го обвини Вашингтон дека стои зад обидите за државен преврат.

Венецуелскито претседател Николас Мадуро во средата ги прекина дипломатските односи со САД и им даде рок од три дена на американските службеници во амбасадата да ја напуштат земјата, откако Вашингтон го призна опозицискиот челник Хуан Гуаидо кој се самопрогласи за привремен шеф на државата.

Меѓутоа, со новата одлука, преостанатите американски дипломати ќе може да останат во амбасадата во Каракас додека траат преговорите за отворање Биро за интересите на САД.

Доколку во рок од 30 дена не биде постигнат договор, преостанатиот персонал во американската амбасада ќе мора да ја напушти Венецуела, објави тамошното министерство за надворешни работи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.