Венецуела побара од Колумбија да го уапси лидерот на опозицијата во егзил

Врховниот суд на Венецуела побара апсење на лидерот на опозицијата и поранешен претседател на Конгресот, Хулио Борхес поради сомневање дека е вмешан во обидот за убиство на претседаелот Николас Мадуро.
Борхес живее во Колумбија, а властите во Венецуела уапсија по исто обвинување еден член на опозицијата.

Два дрона со експлозив во саботата навечер беа детонирани во близина на Мадуро додека зборуваше на воена парада во Каракас. Властите во Венецуела уапсија шест луѓе осомничени за употреба на дронови со експолозиви во обид за атентат врз Мадуро.