Плантажите со кафе во Венецуела повторно оживеаја благодарение на новата сорта која ги исполнува условите за ознака за специјално кафе и го наоѓа својот пат и до љубителите на кафе во странство.
„Сортата Монте Кларо, варијанта Арабика, беше развиена од Националниот институт за земјоделски истражувања (ИНИА) на Венецуела во текот на 40 години истражување“, рече агрономот Билал Ел Ајуби.
Производството на кафе во Венецуела е намалено за повеќе од 60 отсто во последните 20 години, според здружението на фармери Федеагро. Во 2022 година биле произведени само 383.000 вреќи со кафе од 60 килограми. Регионалните гиганти Бразил и Колумбија произведоа 11,08 милиони и 37,43 милиони вреќи Арабика.
На јулскиот натпревар во Каракас, Монте Кларо го освои првото место меѓу 186 примероци кафе од Венецуела и поширокиот регион, со оценка 90,11 од 100, што значи дека ги исполнува условите за ознака за исклучителна сорта кафе. Кафето го оценуваа 26 меѓународни дегустатори од земјите производители, вклучувајќи ги Колумбија, Никарагва, САД и Перу.