Венецуелската нафта сепак го пронаоѓа патот до Кина

Извозот на нафта од Венецуела е запрен откако САД воведоа санкции за оваа латиноамериканска земја, но одредени количества сирова нафта сепак од оваа членка на Организацијата на замјите извознички на нафта (OPEC) со најголеми потврдени резерви на „црното злато“ во светот се пробиваат до купувачи во Азија, во прв ред до Кина, пишува агенцијата Bloomberg News специјализирана за вести од економијата и пазарите.

Кина официјално не увезла ниеден товар сирова нафта откако САД воведоа санкции за венецуелските државни компании вклучително и „Petróleos de Venezuela“, но информациите од приватната разузнавачко-аналитичка компанија „Kpler“ специјализрана за енергетската сфера сигнализираат дека Кина сѐ уште купува од Венецуела и дека 3,3 милиони барели нафта чекаат пред кинеските пристаништа, а уште пет милиони барели се на пад до пристаништето Чингдао.

Податоците сугерираат дека некои трговци и натаму се подготвени да го ризикуваат кршењето на американските санкци, бидејќи венецуелската нафта стана многу евтина, како и дека ја преферираа азиските рафинерии со погони кои можат да поднесат суровина со проблематичен квалитет, во периодот во кој резервите од сирова нафта од сличен тип се намалени поради ограничувањето на производството на земјите од ткн група OPEC+, односно договорот на земјите од картелот и независните извозници предводени од Русија.

За венецуелската нафта да биде испорачана до купувачите, трговците користат инвентивни методи за прикривање на потеклото на товарот, пишува Bloomberg News. Поголемиот дел од венецуелската нафта која патува кон Кина се превезува со танкери наполените со претоварување од други бродови во Малајскиот теснец, а не директно од венецуелските пристаништа, вели за агенцијата Шон Тан, аналитичар во „Кpler“.

Кинеското министество за трговија не сакало за Bloomberg News да ги коментира овие наводи.

Иако претоварувањето на товарот од поголеми танкери во помали е вообичаено при пристапот во поплитките води, тоа често се користи и за затскривање на потеклото на товарот, забележува агенцијата.

„Венецуелската тешка кисела нафта со висок удел на остатоци е многу омилена суровина меѓу кинеските рафинерии“, вели Серена Хуанг, виша аналитичарка во компанијата за пазарна аналитика „Vortex“.

Карактеристиката на венецуелската нафта е високиот удел на сумпорот и при рафинирањето настанува значителен удел на битумен и тешки горива, што ја прави евтина сировина за рафинериите со софистицирани единици. Сировата нафта може да биде основа за многу производи кои едноставно одат во патишни проекти и градежништво, потсестува Еуген Линдел, аналитичар за нафта во виенската компанија „JBC Energy“.

Со отворањето на кинеското стопанство, а владините поттикнувања ги стимулираат индустриските активности и инфраструктурната потрошувачка, домашната побарувачка на горива, како и битумен, треба да се зголемуваат. Минатата 2020 година кинекото Министерство за сообраќај повика на забрзување на проектите за градење на патишта, а набрзо потоа кинеското производство се зголеми за 16 отсто.

„Битуменските маржи се доста високи од крајот на минатата година, а бидејќи Кина го забрзува закрепнувањето на стопанството, побарувачката ќе биде и тоа како голема“, оценува Јунтао Лиу, аналитичар на компанијата „Energy Aspects“. Дури, се очекува дека побарувачката во оваа земја за тешки суровини ќе порасне и поради побарувачката на бродско гориво.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.