Венгер нуди 37 милиони евра за тешко повредениот Дрекслер

85

Менаџерот на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Арсен Венгер, уште еднаш и тоа за последен пат за време на зимскиот преоден рок, ќе се обиде да го договори трансферот на најголемиот талент во дресот на германскиот бундеслигаш Шалке, Џулијан Декслер.

Трофејниот француски стручњак и понатаму не се откажува од намерата да ги осигура услугите на 20-годишниот играч за врска кој пред неколку недели заработи потешка повреда  и поради истата ќе мора да паузира до крајот на месец февруари.

Англиските медиуми потврдија дека во следните неколку дена челниците на Арсенал ќе испратат нова официјална понуда за репрезентативецот на Германија и истата нема да биде помала од 37 мил. евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.