Венгер призна дека Озил е алтернатива за Игуаин

Менаџерот на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Арсен Венгер призна дека германскиот интернационалец, Месут Озил е ангажиран откако пропаднале преговорите со аргентинскиот интернационалец, Гонзало Игуаин.

„Дали сум среќен што сега на располагање ги имам услугите на Месут Озил? Да, многу сум среќен. Сепак, со тој трансфер ние се искупивме за пропаднатиот трансфер на Гонзало Игуаин. Имаше многу информации и коментари околу Игуаин и поголемиот дел од нив не беа точни. Игуаин на крајот се одлучи за Наполи, се одлучи да соработува со Рафа Бенитез. Сега е во добри раце и веќе покажа колку е квалитетен. Арсенал го има Олвие Жиру, кој исто така покажа дека е одличен напаѓач”, изјави трофејниот француски стручњак.