Вера „Љубојна“ до власта: Името е поважно од нашите мали животенца!

ИМЕ е поважно од нашите мали животенца, поважно и поголемо е дури и од нашите секојдневни политички и егзистенцијални проблеми. И нашето завршува еден ден. Со сè нашата тесноградост. Во само едно ИМЕ се крие цел еден вековен микрокосмос, го почнува Милошевска својот фејсбук статус адресиран до властите.

Милошевска во текот на таканаречената шарена револуција скоро секој ден беше на протестите организирано од истата. Очигледно е разочарувањето кај неа од политиките кои ги спроведува власта и практично лагата која им беше сервирана во текот не периодот додека  се бореа да дојдат на власт. Наместо демократија и подобар животен стандард граѓаните добија антидржавнни договори, непросперитетни политики, задолжување и трговија со името, идентитетот и јазикот на нацијата.

Животот не завршува со вас драги ЕГОТРИПОВИ, ќе оставиме ли нешто за идните генерации? Треба ли да оставиме достојна слика за оваа земја и оваа култура? Ќе почнеме ли да ја почитуваме и градиме вистински вредности или ќе тераме прудолу БЕЗ НИКАКОВ КРИТЕРИУМ И КАПАЦИТЕТ во амбисот на “демократијата”?! – Прашува Милошевска.

Таа вели дека нашите предци не врзувале крај со крај, немале ни државна свест и своина, ама имале СЕБЕДОЖИВУВАЊЕ и знаеле кои се, а тоа е суштината на сето творештво низ вековите и сета духовна култура која и предничи на материјалната и врз која се гради материјалната култура, онаа опипливата. – Тоа е она што ги извива сите култури во светот со сè нивниот видлив просперитет, по кој упорно паѓаме во несвест, а нашата не си ја почитуваме, уствари супер далеку сме од неа, заклучува Милошевска.

„ Сетете се на чукун и прадедовците кои ни се среќаваале брат со брат на различни соседни фронтови, апсурдно регрутирани. Сетете се каква специјална мекост и питомост носи ова земјуле.“ – Стои во статусот.

– Ако јас досега не ви покажав како се сака Македонија, АРАМ ДА ВИ Е ЗЕМЈАТА ШТО ЈА ГАЗИТЕ И ДУШИТЕ НА ВАС ШТО ГИ НОСИТЕ. КАДЕ ВИ Е СОБИТИЕТО, КАДЕ ВИ Е ЧОВЕЧНОСТА И СЕБЕПОЧИТУВАЊЕТО? ЗА МЛИТАВИ СТАВОВИ? ЗА ТОА ЛИ ТВОРИМЕ И СЕ БОРИМЕ СО СЕКОЈ НОВ МУЗИЧКИ И КУЛТУРЕН НИКУЛЕЦ? ТОЛКУ НАРОДНА ТВОРЕВИНА ШТО СИ ГО ЈАДЕ И ГАЗИ СВОЕТО, НЕМАМ СРЕТНАТО НИ ВИДЕНО.

Милошевска пишува дека властите се кријат зад правни и политички акти, се кријат зад измислени и неосновани ставови од незнаење, од немање интерес за гледање подалеку од сопствениот нос.

– Е па доста е ќутење другари. Доста е трпење ваши промашени перцепции за сè што се однесува на ова тло!!! Почнете одоздола, од искуството на овој менталитет. Нема ништо погрдно во тој збор, има само погрешно толкување и манипулирање, пишува Милошевска, во својот фејсбук статус. Таа го завршува своето пишување со реченицата :  – БЕЗ ПОЧИТ кон партиски војници, другари, соборци-влекачи. Потпишувајќи се на крајот како Вера Македонска.

Инаку Милошевска е вокалот на македонската етно-музичка група Љубојна формирана уште во 2001 година. Љубојна најавтентично го пренесува пулсот на македонскиот мелос, го темели творештвото не само на сопственото слегување до „изворот“, туку и длабоко навлегува во она што се нарекува современа звуковност. Посебен дел од творештвото на Љубојна опфаќаат препеви на стари песни од Егејскиот дел на Македонија.

За Милошевска нејзините колеги и јавноста ќе рече дека е вистински музички наследник на великанот на македонската песна Вања Лазарова.