Верати: Ибрахимовиќ е шанса што се добива еднаш во животот

Репрезентативецот на Италија и стандарден првотимец во дресот на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, Марко Верати изјави дека е среќен што ја искористил уникатната шанса да игра покрај шведскиот интернационалец, Златан Ибрахимовиќ.

„Ова е уникатна шанса. Никогаш повеќе во мојот живот, нема да играм покрај толку добар фудбалер, покрај толку силен фудбалер каков што е Златан Ибрахимовиќ. Златан е еден од најдобрите фудбалери на денешницата, сигурно е во топ три. Чест е да се биде соиграч на репрезентативецот на Шведска”, изјави младиот играч за врска.