Вердер двапати ја анулираше предноста на Борусија и ја елиминарше од купот по пеналите

56

Ниту двете водства во продолжението, ниту поддршката од домашните навивачи не ѝ помогнаа на водечката во германскаото фудбалско првенство Борусија Дортмунд да се пробие во четвртфиналето од националниот куп, во кој ќе игра Вердер, откако екипата од Бремен двапати израмнуваше.

Јунак во пенал серијата беше гостинскиот голман, Чехот Јири Павленка, кој одбрани два удара од белата точка.

Вердер поведе во 5 минута со голот на Рашица, а израмни од слободен удар Марко Ројс во третата минута од судиското продолжение на првото полувреме. Во второто полувреме немаше погодоци, па беше одиграно продолжени, кое заврши исто така без победник, но со четири голови. Кристијан Пулисик во 105 минута ја доведе Борусија во водство, но три минути подоцна 40-годишниот Перуанец Клаудио Пизаро израмни на 2:2. Во 113 минута Хакими повторно ги донесе „жолто-црните“ во водство, а во 119 минута на 3:3 израмни Австриецот Харник, при што имаше голема помош од одмашниот голман Оелшлагел.

Победникот беше решен во ударите од белата точка. Јири Павленка во првата серија го одбрани ударот на Пако Алкасер, чиј договор Борусија го комплетираше минатата седмица, а во втората на Максимилијан Филип, што беше доволно за минување на Вердер бидејќи сите четворица негови играчи беа прецизни.

Овој резултат го заврши денот на изненадувањата во дуелите во германскиот Куп. Само три дена откако Баер Леверкузен во продолжението на германскиото првенство го победи минхенски Баерн, „Аптекарите“ во осминафиналето од DFB купот доживеаја изненадувачки пораз од второлигашот Хејденхајм кој со победата од 2:1 се пласираше во четвртфиналето. Стрелци за Хејденхајмбеа Доведан во 47 и Мултхауп во 72 минута, а за водството на Баер погоди Бранд во 44 минута.

И во вториот дуел меѓу второлигаш и прволигаш славеше клубот кој се натпреварува во понизок ранг, но тоа е славниот ХСВ Хамбург, некогашен победник во еврокуповите, кој пред своите навивачи го победи Нирнберг со 1:0. Погодокот кој го одведе ХСВ во четвртфиналето го постигна Осчан во 54 минута.

Во дуелот на второлигашите во Дуизбург славеа со пресврт со 3:1 гостите од Падеборн. Домашните поведоа преку Оливеира Соуза во 47 минута, а стрелци за гостите потоа беа Тепкетеј во 52, Прогер во 61 и Антви-Адјеј во 76 минута.

Во среда се играат дуелите: Кил (2 лига) – Аугсбург (1) (18.30 часот), РБ Лајпциг (1) – Волфсбург (1) (18.30), Херта (1) – Баерн (1) (20:45) и Шалке (1) – Фортуна Д. (1) (20:45).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.