Вердер сигурен против Волфсбург

Во првиот натпревар од седмото коло на германското фудбалско првенство во Бремен пред своите навивачи Вердер со 2:0 го порази Волфсбург.

Стрелец на првиот погодок беше Дејви Класен во 35 минута, а конечниот резултат го постави Јоханес Егештајн во 85 минута.

Со оваа победа Вердер моментално се искачи на втората позиција со 14 бодови, колку што има и водечката Борусија Дортмунд, додека следат Баерн и Херта со по 13 бодови. Промени во гордниот дел од табелата може да направат и Борусија Менхенгладбах и РБ Лајпциг кои имаат по 11 бодови. Волсфбург моментално е на седмото место со 9 бодови, но по комплетирањето на колото во недела вечер може да падне и до 14-то место.

Во сабота колото продолжува со средбите Хановер – Штутгарт, Фортуна – Шалк 04, Мајнц – Херта, Борусија Д. – Аугсбург и Баерн Минхен – Борусија М. Во недела ќе се одиграат натпреварите Фрајбург – Баер Леверкузен, Хофенхајм – Ајнтрахт Франкфурт и РБ Лајпциг – Нирнберг.