Верижен судир кај студентскиот „Гоце Делчев“

79

Сообраќајна несреќа во која учествувале три возила се случила во 16:10 часот во близина на студентскиот дом „Гоце Делчев“ .

Според првичните информации учествувале три автомобили со скопски, кичевски и кумановски регистерски таблички.

Од полицијата ја потврдуваат сообраќајката, а според досегашните информации причинета е само материјална штета. Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.