Верната копија на „Мона Лиза“ продадена за речиси 300.000 евра

Верната копија „Мона Лиза“ на ренесансниот мајстор Леонардо Да Винчи, еден од најславните и напрепознатливи портрети во историјата, е продадена во вторникот на наддавање во Париз за 210.000 евра или севкупно за 273.000 евра, според веб-страницата на аукциската куќа.

Аукциската куќа Artcurial процени дека копијата, којашто датира од 1600 година и е речиси идентична на оригиналот, ќе постигне цена меѓу 150.000 и 200.000 долари.

Експерите на аукциската куќа велат дека оваа копија е толку слична на оригиналот што се верува дека уметникот кој ја насликал имал непосреден пристап до оригиналот на Да Винчи.

За верната копија се наведува дека потекнува од „француската школа“. А оригиналот кој францускиот крал Франсоа Први ја купил од Да Винчи во 1518 година изложен е во парискиот музеј „Лувр“.

Во јули годинава европски колекционер на наддавање на британската аукциска куќа Christe’s во Париз купи друга копија на „Мона Лиза“ од XVII век за 2,9 милиони долари, што е рекорд за репродукција на едно уменичко дело.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.