Веројатно четири жртви во експлозијата во фабрика во Словенија

80

Најмалку десет лица се повредени, а неофицијално четири лица кои се водат како исчезнати се веријатно загинати, во пожарот и експлозијата во хемиската фабрика „Melamin“ во центарот на Кочевје.

Информациите засега се оскудни, а полицијата ги повика жителите да ги затвора прозорците и да не излегуваат од куќите и становите, бидејќи сѐ уште не се знае што точн огори, а се претпоставува дека станува збор за отровни гасови.

Љубљанскиот дневени весник Delo го цитира директоторот на компанијата Сречко Стефанич според кој експлозијата којашто одекнала во 8,35 часот се случила на ткн „надвозник“ каде што течат хемиски супстанции, како и дека причината за пожарот сѐ уште не е позната.

Четворицата исчезнати работници не биле вработени во „Melanin“, туку се надворешно ангажирани лица кои се наоѓале во зоната до којашто интервентните служби поради високите температур сѐ уште не можат да пристапат.

Заворен е и главниот пат кој низ Кочевје води кон Љубљана а на местот на несреќата се полицајци, пожарникари и возила на итната медицинска помош.

По несреќата словенечката Управа за запштита и спасување соопшти дека повеќе од дваесет лица се повредени, две лица поради природата на повредени се пренесени со хеликоптер во Универзитетскиот медицински центар во Љубљана. Додаваат дека е спречено истекувањето на опасните материи надвор од фабричкиот круг.

Словенечките медиуми наведуваат, повикувајќи се на неофицијални информации, дека експлодирал котел на местото каде што се преработува смола. Поради тоа активирана е и еколошка лабораторија со мобилна единица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.