Веројатно најкусото политичко интервју во историјата

Кога станува збор за легализацијата на геј браковите, Австралија долго доцни зад остатокот од светот. Сепак, неодамна започнаа да се забележуваат сигнали дека локалните политичари би можеле конечно да се изјаснат по тоа прашање.

Водителот на австралискиот телевизиски канал Sky News Питер Ван Олсен, така неодамна за мислење за легализација на истиполовите брачни заедници ги запраша и либералот Тим Вилсон.

На Вилсон, кој веќе со години отворени се изјаснува како хомосексуалец, му беа потребни само 24 секунди да го изнесе своето мислење.

„Реков сѐ што до сега имав да го кажам за тоа, и во овој момент нема намера натаму да ги објаснувам своите ставови. Попрво би разговарал за некои друго работи кои се бидни за австралиската популација“, рече.

Судејќи според резултатите од анкетите, 64 отсто од Австралијците ја поддржуваат легализацијата на склучувањето на хомосексуалните бракови.