Верона го урна Наполи, Џенова подобра од Калјари

Marcantonio Bentegodi stadium in Verona, Italy, 24 January 2021. ANSA/EMANUELE PENNACCHIO

Фудбалерите на Верона го совладаа Наполи со 3:1 во мечот од 19-то коло на италијанското првенство, додека Џенова во дербито на дното оствари важна победа над Калјари од 1:0.

Верона пружи одлична игра ја оствари првата победа против Наполи по шест последователни порази во меѓусебните средби. Воедно тоа е и првата победа на Верона против Наполи по март 2015 година.

Наполи, а кој последните петнаесетини минути ги одигра македонскиот репрезентативец Ељиф Елмаз, поведе по само 8,95 секунди со што Ирвинг Лозано стана стрелец на третиот најбрзо постигнат погодок во историјата Серија А. Рекордот му припаѓа на напаѓачот на Милан, Рафаел Леоа кој во декември минатата година ја погоди мрежата на Сасуоло по само 6,7 секинди игра. Само незначително од Лозано бепе и Паоло Поџи кој во декември 2001 година постигна гол за Пјаченца против Фиорентина по 8,8 секунди.

Но и покрај шокот, Верона во продолжение од мечот направи пресврт, а стрелци беа Федерико Димарко во 34, Антонин Барак во 62 и Матија Ѕакарини во 79 минуа.

Наполи, кој има меч помалку кој треба да го одреаботи на гостување кај Јувентус, моментално е на шестата позиција со 34 бодови, а Верона се одржа на деветтото место со 30 бодови.

Џенова, за која македонскиот репрезентативен капитен Горан Пандев ги одигра последните половина час, во дербито на долниот дел оствари минимална но важна победа над Калјари. Решавачкиот погодок го постигна Матија Дестро уште во 10 минута од натпреварот.

Со победата Џенова се зацврсти на 16-то место на табелата со 18 бодови, четири бодови над опасната зона, каде е Калјари со 14 бодови кој е на 18-та позиција од која се игра доигрување за опстанок.

Во првиот неделен натпревар Јувентус на домашен терен со 2:0 ја совлада Болоња, а стрелци за „Старата дама“ беа Артуро Мело во 15 и Вестон Меккение во 71 минута.

Јувентус со 18 натпревари и 36 бодови на четвртото место, а пред него се Рома со бод повеќе, вторпласираниот Интер со 41 и водечкиот Милан со 43 бодови. Болоња остана со 20 бодови на 13-то место.

Вечерва се играат уште две натпревара: Лацио – Сасуоло и Парма – Сампдорија.