Верона остана непоразена на гостувањето кај Јувентус

168
Allianz stadium in Turin, Italy, 25 Octoberr 2020. ANSA/ALESSANDRO DI MARCO

Во средбата од петтото коло на италијанската Серија А, Верона ремизираше во Торино против актуелниот шампион Јувентус, кој сѐ уште игра без својата најголема ѕвезда Кристијано Роналдо, а кому ова е третиот нерешен резултат во последните четири кола.

Верона поведе во 60 минута по убавата акција која со гол ја заврши Андреа Фавили, пет минути откако влезе во игра на местото на Никола Калиниќ. Израмни шведскиот интернационалец со македонско потекло Дејан Кулушевски во 77 минута.

И двата тима постигнаа по уште еден погодок, Ебрим Колеј во 16 минута за Верона, а Алваро Мората за Јувентус во 45 минута, но и двата гола беа поништени поради офсајд.

Играчите на Јувентус двапати ја погодија стативата од противничкиот гол, во 42 минута по ударот на Хуан Квадрадо, а во 75 минута по шутот на Пабло Дибала.

Јувентус е само петти на табелата со девет бодови, а пред него е четвртиот Интер со 19, а трето и второпласираните Саусоло односно Наполи имаат по 11 бодови. Верона е осма со осум бодови.

Фудбалерите на Наполи, меѓу кои повторно го немаше македонскиот репрезентативец Ељиф Елмаз кој штотуку се опорави од коронавирусот, го победија на гостувањето Беневенто со 2:1, откако домашните на полувремето беа во водство.

Беневенто поведе до 31 минута со голот на Роберто Инсиње, а израмни во 60 минута неговиот постар брат Лоренцо Инсиње. Во 68 минута победата на гостите им ја донесе Андреа Петања.

Наполи моментално е втор на табелата со 11 бодови, колку што има и Сасуоло, а бод помалку од водечкиот Милан кој мечот од ова коло го игра во понеделник на домашен терен против Рома. Беневенто е 12-ти со шест бодови.

Во првиот неделен меч Калјари го победи Кротоние со 4:2, а дури пет погодоци беа постигнати во првото полувреме. Гостите водеа со 1:0 а имаа и 2:2, но домаќините на крајот сепак славеа.

Кротоне поведе во 21 минута преку Жуниор Месијас, но по само четири минути израмни за Калјари Харалампос Ликојанис. Потоа домашните поведоа во 35 минута со голот на Џовани Симеоне, а во 43 минута ново израмнување донесе Салваторе Молина. Сепак, во последната минута од првиот дел Рикардо Скоти му го носи новото водство на Калјари. На почетокот од вториот дел во 48 минута Кротоне остана со играч помалку кога беше исклучен Лука Чикарини и сѐ до 84 минута одржуваше некакви надежи дека може да го избегне поразот, кога Жоао Педро постигна погодок кој беше признат по прегледување на снимката.

Калјари е 11-ти со седум бодови, додека Кротоне со само еден бод е последен 20-ти.

Дуелот меѓу Парма и Специја заврши без победник, иако гостите имаа водство од 2:0. Специја поведе во 28 минута со голот на Жулиан Шабно, а по три минути водството го удвои Кевин Агудело. Парма веќе во 34 минута успеа да намали преку Рикардо Гаљоло и до крајот се обидуваше да спаси бод, во што и успеа во втората минута од судиското продолжение кога најстрога казна реализираше Јурај Куцка.

Парма е 16-та со четири бодови, а Специја е 14-та со бод повеќе.

Иако гостите од Удине доминираа во поглед на поседот на топката (56 наспроти 44 отсто) и во бројот на удари упатени кон противничкиот гол (16-5) Фиорентина со 3:2 извојува домашна победа над Удинезе. За домашните двоен стрелец беше Гаетано Кастровиљи во 11 и 51 минута, а погоди и Никола Миленковиќ. За гостите двапати прецизен беше Стефано Окака, во 43 и 86 минута.

Фиорентина сега е десетта на табелата со седум бодови, а Удинезе со само една победа и четири порази е 18-ти со три бода.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.