Верона по три кола забележа победа

Hellas Verona vs Parma Calcio at Marcantonio Bentegodi stadium in Verona, Italy, 15 February 2021. ANSA/VENEZIA FILIPPO

Во последниот натпревар од 22-то коло на италијанското фудбалско првенство, Верона ја совлада парма со 2:1, прекинувајќи ја низата од два последователни порази.

Гостиоте поведоа со голот во 8 минута кој го постигна Јурај Куцка од пенал, но само пет минути подоцна израмни Федерико Димарко. Победата на Верона ѝ ја донесе Антонин Барак во 62 минута.

Верона е деветта на табелата со 33 бодови, додека Парма остана претпоследна 19-та со 13 бодови, четири помалку од првото место кое гарантира опстанок во Серија А.

На чело на табелата од неделата е Интер со 50 бодови, бод повеќе од градскиот ривал Милан кој го загуби врвот по саботниот кикс кај новајлијата во лигата Специја. Третопласирана е Рома со 43 бодови, бод повече од четвртиот Јувентус и три бода повеќе од петтопласираниот Наполи кои имаат меч помалку.