Верона поплавена во невреме – прогласена кризна состојба

69

Силно невреме го погоди италијанскиот град Верона, поради што гувернерот на регионот Венето, Лука Заија, прогласи кризна состојба.

Невремето проследено со интезивен град, ги претвори улиците во реки сруши околу 500 дрвја. Нивото на водата во некои улици надмина и повеќе од метар и половина.

Надлежните служби добиле околу 220 повици, но за среќа, никој не е повреден.

Значителни штети има во провинциите Виченца и Падова, а во Кортина е предизвикано лизгање на земјиштето.

Ветерот, дождот и градот со огромни размери го претворија градот во бојно поле. За 10 минути, Верона беше погодена од невреме слично на Ваија – изјави градоначалникот на Верона, Федерико Сбоарина, осврнувајќи се на силното невреме што ги уништи североисточните делови на Италија во 2018 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.