Холандскиот автомобилист Макс Верстапен во болидот на Ред Бул е победник во трката од Светското првенство во Формула 1 за Големата награда на Малезија на патеката Сепанг, додеа светскиот првак Луис Хамилтон од Мерцедес со второто место го зголеми водството во генералниот пласман.
Верстапен до втората победа во кариерата дојде откако во четвртиот круг го престигна водечкиот Хамилтон кој стартуваше од својата 70-те во кариерата прва „пол позиција“ и го одбрани водството до крајот на трката. Младиот Холанѓанец лани сензационално славеше на трката за Големата награда на Шпанија, а во неделата во Малезија славењето на тимот на Ред Бул го дополни со третото место и Австралиецот Даниел Рикардо.
Трката на Сепанг ја одбележаа катастрофите на тимот на Ферари, бидејќи Финецот Кими Рајконен, по второто место во квалификациите, не успеа ниту да стартува на трката, откако неговиот болид се расипа во кругот за загревање, додека Германецот Себастијан Фетел се одлучи пред крајот на квалификациите да го смени моторот па стартуваше од последното место. Фетел, сепак, со храбро возење, дојде до четвртокот место, а пред да пројде низ целта се судри со Канаѓанецот Ланс Строл од Вилијамс и остана без задното тркало.
Трикратниот светски шампион Хамилтон така го зголеми водството во генералниот пласман на 34 бодови во однос на Фетел.
Следната трка ќе се вози на 8-ми октомври за Големата награда на Јапонија. Истовремен, Големата награда на Малезија, којашто се вози од 1999 година, од следната година нема да биде во календарот на Формула 1.