Верстапен казнет поради сударот во Монца

British Formula One driver Lewis Hamilton (L) of Mercedes-AMG Petronas collides with Dutch Formula One driver Max Verstappen of Red Bull Racing during the Formula One Grand Prix of Italy at the Autodromo Nazionale Monza race track in Monza, Italy, 12 September 2021. EPA/MATTEO BAZZI

Лидерот во светското првенство во класата Формула 1, Холанѓанецот Макс Верстапен, е казнет со одземање на три места на старот на следната трка за Големата награда на Русија која ќе се вози 26-ти септември во Сочи, откако е прогласен за виновен во инцидентот со Британецпот Луис Хамилтон во 26-от круг од неделната трка за Големата награда на Италија.

Сударот на патеката во Монца се случи во еден свиок, кога по нивниот контакт болидот на Верстапен буквално се качи на Мерцедесот на Хамилтон.

Судиите ги сослишаа двајца возачи и претставници на екипите, ги прегледале видео-материјалите и утврдиле дека „болидот 33, на Верстапен, е доминатно виновен за сударот со болидот 44, на Хамилтон, во свиокот број 2“.

Така Верстапен во следната трка во Сочи ќе стартува за три места послабо од позиоцијата којашто ќе ја избори во квалификациите.

Двајцата возачи не ја завршија трката во која триумфираше Австралиецот Даниел Рикардо од тимот на Мекларен.

Сепак Верстапен со мала предност од само пет бодови пред актуелниот шампион Хамилтон го задржа водството во генералниот пласман.