Верстапен најбрз на квалификациите во Остин

Холандскиот пилот во класата Формула 1, Макс Верстапен од тимот на Ред Бул, беше најбрз на квалификациите за Големата награда на САД на патеката во Остин.

Верстапен дојде до својата деветти „пол-позиција“ пред својот најголем ривал во трката за титулата Британецот Луси Хамилтон од тимот на Мерцедес.

Мексиканецот Серхио Перез, од Ред Бул, беше трет а четврт беше Валтери Ботас од Мерцедес, која сепак е казнет порди промена на моторот над дозволената квота, па ќе стартува како деветти. Во вториот ред така ќе биде Шарл Леклер од Монако во болидот на Ферари.

Шест трки пред крајот на сезоната, Верстапен има шест бодови предност пред Хамилтон.

Стартот на трката во Остин е предвиден за 21 часот по македонско време.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.