Верстапен најбрз на првиот тренинг

Возачот на Ред Бул и водечкиот во Светското превенство во класата Формула 1, Холанѓанецот Макс Верстапен го одвози најбрзиот прв слободен тренинг за Големата награда на Катар на патеката „Лосаил“ во петокот.

Верстапен, кој води пред седумкратниот светски шампион Британецот Луис Хамилтон, со 14 бодови во трите преостаната трки, оствари најбрзо време од 1 минута и 23,723 секунди на правливиот тренинг без многу случувања.

Пјер Хасли од тимот на АлфаТауир, кои има исто така мотор на Хонда, беше втор со 0,437 секунди побавно време, а Валтери Ботас беше трет. Хамилтон беше 0,786 секунди побавен од својот ривал за титулата, а во 14-от свиок на патеката го оштети предното крилце.

Јапонскиот новак во Формула 1, Јуки Тсунода стаса до петтата позиција, а пилотите на Ферари, Карлос Сајнц и Шарл Леклер беа шести и седми.

Истовремено, водството на Формула 1 го одби барањето на Мерцедес да ја преиспита својата одлука од Големата награда на Безил минатата седмица да не биде казнет Верстапен поради инцидентот на трката со Хамилтон. Во организацијата пресудаеа дека, иако се појавиле нови и релевантни видео докази, тие не се значајни и Холанѓанецот останува без казна.

Неделната трка ќе се одржи ноќта под рефлектори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.