Верстапен оствари најбрзо време на првиот тренинг во пресрет на трката во Абу Даби

На првиот тренинг во пресрет на Формула 1 трката во Абу Даби, Холанѓанецот Макс Верстапен од тимот на Ред Бул во петокот оствари најбрзо време.

Верстапен направи 23 круга со тоа што на најбрзиот запиша време од 1:25.009 минути. Валтери Ботас се пласира на второто место, додека, трет беше актуелниот шампион Луис Хамилтон.

Четврт на првиот тренинг беше Серхио Перез, додека, петтото место му припадна на Јуки Цунода.

Вториот тренинг во пресрет на трката е закажан за денеска. Квалификациите се во сабота, а финалната трка во класата Формула 1 за оваа година која треба да го даде новиот првак е закажана за в недела.