Верстапен победи на спринт трката во Австрија

Макс Верстапен победи на спринт трката во Австрија и утре ќе стартува од пол-позиција, Шарл Леклер и Карлос Саинц мораа да се задоволат со второто, односно третото место.

Макс Верстапен го зголеми водството во генералниот пласман откако попладнево триумфираше на спринт трката во Австрија. Холанѓанецот беше принуден да ја брани својата позиција од Шарл Леклер на стартот, но потоа извозе рутински и победата не му беше загрозена во ниту еден момент.

Зад него, Карлос Саинц покажа заби и имаше два обида да го претекне Шарл Леклер, но откако не успеа, се повлече на безбедно растојание, па двоецот на Ферари рутински извозе за финиш на второ, односно трето место.

Во бодови денеска уште завршија Џорџ Расел, Серхио Перез, Естебан Окон, Кевин Магнусен и Луис Хамилтон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.