Верстапен победник на Големата награда на Шпанија

Max Verstappen (R) and his teammate Mexican Sergio Perez (L) of Red Bull, in action during the Formula One Grand Prix of Spain held at Circuit Barcelona-Catalunya in Montmelo, Barcelona, Spain, 22 May 2022. EPA/Alejandro Garcia

Актуелниот светски првак во класата Формула 1, Холанѓанецот Макс Верстапен од тимот на Ред Бул е победник на трката за Големата награда на Шпанија возена неделата на патеката „Сукуит де Барселона-Каталуња“, шесттата трка од годинешното првенство.

За Верстапен ова е 24-та победа во кариерата и четвртата сезионава, додека на преостанатите две славеше Шарл Леклер возачот од Монако во тимот на Ферари.

Леклер, кој беше најбрз на сите три тренинга, водеше и во Шпанија но поради проблеми со болидот мораше да се откаже во 27-от круг. Верстапен во првиот дел од трката беше првиот што го прогонувап, но во деветтиот круг, згреши се излизга од патеката и падна на четвртото место. Меѓутоа, Холанѓанецот го искористи откажувањето на Леклер и се проби на првото место кое до крајот не го испушти.

Неговито клупски колега од Ред Бул, Мексиканецот Серхио Перез беше втор, додека на третото место се пласираше Британецот Џорџ Расел од Мерцедес. Шпанецот Карлос Сајнц помалдиот од Ферари беше четврти, а седимкратниот светски првак Британецот Луис Хамилтон од Мерцедес, кој имаше денеска големи проблеми на стартото, на крајот заврши како петтопласиран.

По солидниот старт Хамилтон се судри со Данецот Кевин Магнусен од Хаас во четвртиот свиок од првиот круг, поради што мораше непланирано да земине во боксот. Во продолжението на трката Британецот од претпоследното напредуваше до четвртокот место, а во самиот финиш поради прегрејување на болидот немоќно гледаше како Сајнц го престигнува во борбата за четвртото место.

Во генералниот пласман за светското првенство сега Верстапен го презема врвот со 110 бодови, Леклер е втор со 104 бодови, додека третиот Перез има 85 бодови.

Следната трка во Формула 1 се вози за Големата награда на Монте Карло на 29-ти мај.

РЕЗУЛТАТИ:

1. Макс Верстапен (Холандија/ Ред Бул) 1:37:20.475
2. Серхио Перез (Мексико/ Ред Бул) + 13.072
3. Џорџ Расел (Велика Британија/ Мерцедес) 32.927
4. Карлос Саинц Џуниор (Шпанија/ Ферари) 45.208
5. Луис Хамилтон (Велика Британија/ Мерцедес) 54.534
6. Валтери Ботас (Финска/ Алфа Ромео) 59.976
7. Естебан Окон (Франција/ Алпско-Рено) 1:15.397
8. Ландо Норис (Велика Британија/ Мекларен) 1:23.235
9. Фернандо Алонсо (Шпанија/ Алпско-Рено) еден круг
10. Јуки Цунода (Јапонија/ АлфаТаури) еден круг …

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН

1. Макс Верстапен (Холандија/ Ред Бул) 110 бодови
2. Шарл Леклер (Mонако/ Ферари) 104
3. Серхио Перез (Мексико/ Ред Бул) 85
4. Џорџ Расел (Велика Британија/ Мерцедес) 74
5. Карлос Саијц (Шпанија/ Ферари) 65
6. Луис Хамилтон (Велика Британија/ Мерцедес 46
7. Ландо Норис (Велика Британија/ Мекларен) 39
8. Валтери Ботас (Финска/ Алфа Ромео) 38
9. Естебан Окон (Франција/ Алпен-Рено) 30
10. Кевин Магнусен (Данска/ Хаас) 15 …