Верстапен победник на последната трка во Ф1 сезонава

Холандскиот пилот во тимот на Ред Бул, Макс Верстапен е победник на 17-та и последна трка сезонава во рамките на Светското првенство во класата Формула 1, за Големата награда на Абу Даби.

Верстапен до втората победа сезонава и десеттата во кариееата, стаса пред Финецот Ватлери Ботас од тимот на Мерцедес кој со второт место денеска си ја обезбеди вицешампонската тутула. Светскиот првак, Британецот Луис Хамилтон од Мерцедес беше трет по порпуштената трка поради зараза со коронавирусот.

„Уживав во денешната трка. Правевме сѐ како што треба. Добро стартував, а пота го контролирав темпото. Болидот беше одличен“, изјави Верстапен кој оваа сезона славеши и на патеката во Солверстоун.

Возачот на Ред Бул, Александер Албон го зазема четвртото место, а до петтата и шестата позиција дојдоа возачите на Мекларен, Ландо Норис и Карлос Сајнц помалдиот. Притоа против Сајнц е покрената истрага поради бавно возење во боксот, а одлуката за евентуалната казна ќе биде објавена подоцна.

Мерцедес така ја заврши сезонаа со двојна победа: во генералниот пласман за возачи и со титутлата во генералниот пласмна на констукторите. Поради тоам, на оваа трка на болидите на Мерцедес беа испишани имињата на сите вработени во фабриката коишто годинава учествуваа во освојувањето на шампионската титула.

„Не можеш да победиш во секоја трка. Имајќи предвид што се случуваше последните денови среќен сум и со третото место, Сѐ уште не сум сосема здрав, никогаш не сум волку слаб. Среќен сум што сега може да одморам и потоа да се подготвувам за новата сезона“, изјави по трката Хамилтон.

Хамилтон оваа сезона се израмно според бројот на титулите со легендарниот Михаел Шумахер, и двајцата сега имат по седум шампионски наслови, а Британециот постави истовремено и нов рекорд според бројот на победите во кариерата, сега има 95, односно четири повеќе од Германецот.

Истовремено денешната беше и проштална трка од својата екипа на Реко за Австралиецот Диниел Рикардо, за Мексиканенцот Карлос Санјц во Мекларен, за Германецот Себастијан Фетел во Ферари, а многу верјатно и за последната го Формула 1 кариерата на Кевин Магнусен кој возеше за тимот на Хаас.

Хамилтон славеше на крахот со 347 бодови, Ботас собра 223, а Версапен 2ѝ4 бодови.

 

Кај констукторите победи Мерцедес со 537 бодови, пред Ред Бул со 319 и Мекларен Рено со 202 бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.