Верстапен првпат во кариерата до пол-позицијата

2019. EPA-EFE/Zoltan Balogh HUNGARY OUT

Холанѓанецот, Марк Вестапен ќе стартува од пол-позицијата на утрешната 12-тата трка трка во Формула 1 шампионатот која ќе се вози за Големата награда на Унгарија.

Возачот на Ред Бул го заслужи тоа во денешните квалификации на патеката Хунгаро-ринг, каде за прв пат во кариерата стигнува до пол-позицијата.

Верстапен кој пред седум дена победи на германското Гранд-при, денеска зад себе ги остави двата болида на Мерцедес. Така, Валтери Ботас ќе биде зад Холанѓанецот во првиот стартен ред, а светскиот шампион Хамилтон ќе ја има третата стартна позиција.

Првите три стартни реда ги пополнуваат Леклерк и фетел со Ферари, односно Гасли на Ред Бул.

Во пресрет на оваа трка водечкиот во поредокот Хамилтон има 225 бодови, или 41 повеќе од тимскиот колега Валтери Ботас (184). Трет е Верстапен со 162, а по него следуваат двајцата возачи на Ферари, Себастијан Фетел (141) и Чарлс Леклерк (120).