Верстапен славеше на 70-годишнината од првото Гран при

Холандскиот автомобилист Макс Верстапен од тимот на Ред Бул е победник на неделната трка од Светското првенство во класата Формула 1 на патеката во Силверстон, со која беше одбележана 70 годишнината од првата Гран при трка во историјата, која е одржана во мај 1950 година.

Верстапен до својата прва победа во кариерата, а прва во Велика Британија дојде со својот препознатлив агресивен стил, но тактички одлично водената трга од неговиот „бокс“.

Првата мала „победа“ Холанѓанецот ја забележа веќе на стартот, каде изборот на неговата екипа во трката да тргне со тврда мешавина на гумите се покажа најдобар. Верстапен најдобро стартуваше и многу цврсто држеше приклучок со двоецот на Мерцедес, Валтери Ботас и Луис Хамилтон кои трката ја започнаа од првиот стартен ред. Во Мерцедес се одлучија за мешавина од стредна тврдина на гумите и веќе по повеќе од десет кругови заплнаа да се чувствуваат последиците. Ботас мораше да ги промени гумите во 14-от круг, а Хамилтон во следниот. Верстапен тогаш ја запоседна челната позиција и почна да ја гради предноста.

Пилотот на Ред Бул на тврдите гуми издржа до 24-от круг и тогаш првпат отиде во боскаот. На враќање на патеката накусо беше зад Ботас, но веќе во првиот своиок ја врати пводечката позиција. Нов пресврт се слули во 33-от круг, кога Верстапен и Ботас истовремено отидоа на промена на гумите, а Хамилтон изби на првото место. Во еден момент се чинеше дека актуелниот светски првак ќе дојде до новата победа со замо една промена на гумите, но во 42-от од вкупно 52 круга, сепак, мораше уште еднаш да ги промени и падна на четвртото место.

Верстапен до крајот немаше проблеми да го задржи водството, а Хамилтон успеа да дојде до втората позиција, додека Ботас мораше да се задоволи со третото место. Шарл Леклер од Ферари се пласираше на четвртото место, додека одличниот настап на Ред Бул го дополни Александер Албон кој целта ја мина како петти.

Макс Верстапен со оваа победа се проби на второто место во генералниот пласман со 77 бодови, додека водечкиот Луис Хамилтон има 30 бодови повеќе. Третопласираниот Валтери Ботас има 73 бодови.

Екипите во Формула 1 од Велика Британија ќе се преселат на Пиринејскиот полуостров, каде што на 16-ти август е на распоредото шестата трка сезонава, а ќе се вози за Големата награда на Шпанија на патеката крај Барселона.

 

Големата награда за 70-годишнината од Гран-при – резултати

1. Макс Верстапен (Ред Бул) 1: 19: 41,993
2. Луис Хамилтон ( Мерцедес) +11.326
3. Валтери Ботас ( Мерцедес) +19.231
4. Шарл Леклер (Ферари) +29,289
5. Александар Албон (Ред Бул) +39,146
6. Ленс Строл (Рејсинг Поинт) +42.538
7. Нико Хулкенберг (Рејсинг Поинт) +55,951
8. Естебан Окон (Рено) +1: 04.773
9. Ландо Норис ( Мекларен) +1: 05.544
10. Данил Квјат (Алфа Таури) +1: 09.699

 

Генерален пласман возачи

1. Луис Хамилтон (Велика Британија/ Мерцедес) 107 поени
2. Макс Верстапен (Холандиниј/ Ред Бул) 77
3. Валтери Ботас (Финска Мерцедес) 73
4. Чарлс Леклерк (Монако/ Ферари) 45
5. Ландо Норис (Велика Британија/ Мекларен) 38

 

Генерален пласман конструктори

1. Мерцедес 180 поени
2. Ред Бул 113
3. Ферари 55
4. Мекларен 53
5. Рејсинг Поинт 41