Весели: Промената на границите не е идеја на Тачи, туку на Белград и Москва

Претседателот на косовското Собрание Кадри Весели, кој престојува во официјална посета на Берлин, по средбата со германскиот хомолог Волфганг Шојбле,изјави дека е убеден оти Германија нема да се спротивстави на визната либераизација за граѓаните на Косово.

Во интервју за Дојче Веле (ДВ), Весели рече дека, иако некои земји од Европската унија имаат резерви во однос на либерализацијта, верува дека „со поддршката на една пријателска држава како Германија“, ќе се оствари намерата косвските граѓани да се движат слободно во земјите на ЕУ.

Тој изрази уверување дека Косово ја има поддршката за визна либерализација и од други земји за кои се вели дека се скептични во однос на ова прашање, како што е, на пример, Франција.

На прашањето на ДВ кој е неговиот став во врска со заложбата на претседателот на Косово Хашим Тачи за „корекција на границата со Србија“, спикерот на косовскиот парламент одговори дека „станува збор за погрешно толкување“.

Морам да ве исправам. Размената на територии е дамнешна тема на Србија и Русија. Не е на претседателот Тачи. Се соочуваме со една игра, која настојува да ја води Србија со гранниците, но Косово не треба да прифати да создаде преседан со својот случај за ниту еден друг конфликт. Косово е независна и суверена држава и Косово ќе го сочува својот територијален интегритет и суверенитетот, изјави Весели.

Во врска со Заедницата на општини со мнозинско српско население (ЗСО), претседателот на косовското собрание изјави дека таа асоцијација, кога ќе се формира, нема да има извршни надлежности и нема да претставува „трета власт“ во косовската држава.

Ќе биде асоцијација на српски општини, која подобро ќе ги интегрира Србите, граѓани на Република Косово, во нашите институции, во нашата суверена и незвисна држава, рече Весели.

Според него, „моментно нема држава која им дава повеќе права на заедниците одошто тоа го прави Косово“.