Весели: САД не бараат од Косово укинување на таксата кон Србија

Претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели денеска изјави дека САД не побарале од Косово да ја укине таксата од 100 отсто на увозот од Србија, туку се заложиле да се даде шанса на дијалогот меѓу двете земји, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Писмото на претседателот (Доналд) Трамп и ставовите кои ги пренесува амбасадорот на САД Филип Коснет, ние ги сфаќаме многу сериозно. Има едно барање да му се даде импулс на Косово во процесот на дијалогот, но нема барање за укинување на таксата, изјави Весели по денешната седница на Претседателтвото на Собранието на Косово.

Коментирајќи ја вчерашаната посета на рускиот претседател Владимир Путин на Србија, косовскиот собраниски спикер изрази уверување дека „Русија оди во правец на признавање на Косово“.

– Ние сме со Америка, а нашиот сосед претендира да има добри односи со нашите партнери, меѓутоа ѝ ги отвора вратите на Русија. Русија се движи во правец на признавање на Косово и Косово годинава ќе биде примено во Обединетите нации, изјави Весели.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.