Веселин Вујовиќ повторно ќе го води РК Вардар

Регионалната и европска ракометна легенда Веселин Вујовиќ е нов тренер на македонскиот ракометен шампион Вардар.

Одлуката беше соопштена во петокот од страна на претседателот на Вардар 1961, Михајло Михајловски.

Црногорскиот ракометен стручњак ќе ги предводи вардарци по третпат. Претходно во Скопје работеше од 2006 до 2009 година и од 2011 до 2013 година

Вујовиќ на тренерската функција во Вардар ќе го наследи Стевче Алушовски кој го предводеше тимот до „двојна круна“ во сезоната 2020/21.