Вест е најплатен хип-хоп артист за 2019

12
Mandatory Credit: Photo by Evan Agostini/Invision/AP/REX/Shutterstock (10012822bl) Kanye West attends "The Cher Show" Broadway musical opening night at the Neil Simon Theatre, in New York "The Cher Show" Broadway Opening Night, New York, USA - 03 Dec 2018

САД– Кање Вест, сопругот на старлетата Ким Кардашијан, го симна од тронот Џеј-Зи како најплатен хип-хоп артист за 2019, соопшти „Форбс“ .Тој заработил 150 милиони долари од јуни 2018 до јуни годинава, благодарејќи на линијата за чевли Yeezy во соработка со Адидас. Лани беше на 10-то место.

Џеј-Зи, сопругот на Бијонсе, сега е на втората позиција, со заработени 81 милион долари, благодарејќи и на турнејата „On the Run II” со својата сопруга.

Дрејк е на трето место, со заработени 75 милиони долари. Следат Паф-Диди со 70 милиони долари, Тревис Скот со 58 милиони долари, Еминем (50 милиони), диџеј Калед (40 милиони), Кендрик Ламар (38,5 милони), Мигос (36 милиони) и Габино (35 милиони).

Од хип-хоп меѓу музичарките, највисоко е рангирана Ники Минаж, на 13 место, со заработени 29 милиони долари, па Карди Би со 28 милиони долари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.