Вест Хем му врачи отказ на Билиќ

Хрватскиот фудбалски стручњак Славен Билиќ  во понеделникот доби отказ од тренерската позиција во премиерлигашот Вест Хем Јунајтед, објавија англиските медиуми.

Подолго време Билиќ добиваше шанси од сопствениците на клубот кои имаа трпение и покрај слабите резултати, но последниот пораз од Ливерпул во саботата (1:4) пресуди Вест Хем да му додели отказ.

Вест Хем по 11 кола во Премиер лигата се наоѓа на 18-то место со само 9 освоени бода, во зоната којашто води во понизок ранг од натпреварување.

Засега нема официјална потврда од клубот за отказот на хрватскиот стручњак, како и за тоа кој ќе го наследи на менаџерската позиција, но се шпекулира дека тоа ќе биде Дејвид Мојс.