Вест Хем победи на гости кај Барнли

29

Вест Бромвич Албион и Вулверхептон одиграа во понеделникот во мечот од 34-то коло од англиското фудбалско првенство без победник 1:1, а Вест Хем Јунајтед на гости со 2:1 го совлада Барнли и се искачи на петтото место на табелата.

Во првиот меч одгиран во понеделникот Вулверхемптон поведе во судското продолжение од првото полувреме со погодокот на Фабио Силва. Вест Бромвич сочува бод преку Мбаје Диање во 62 минута.

Вест Бромвич остана 19-ти претпоследен на табелата со 26 бодови, десет помалки од местата кои обезбедуваат опстанок, а бод помалку од 18-от Фулам кој веројатно ќе игра квалификации за опстанок. Вулверхемптон е безбеден на 12-то место со 42 бода.

Барнли поведе против Вест Хем во 19 минута преку пеналот кој го реализираше, а гостите преку Микаил Антонио веќе во 21 и 29 минута направија резултатски пресврт и водството го сочуваа до крајот.

Гостинскиот триумф на Вест Хем Јунајетед му овозожи да се искачи на петтата позиција, која директно води во Лига Европа, со 58 бодови, три помалку од четвртиот Челзи кој ја држи последната позиција која води во Лигата на шампионите, а два повеќе од шестиот Тотенхем. Барнли остана 16-ти со 36 бодови, десет повеќе од местата кои водат во втората лига.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.