Вест Хем подобар од Челзи

Фудбалерите на Вест Хем Јунајетд во средата вечерта во 32-то коло од англиската Премиер лига на својот стадион го совладаа четвртопласираниот Челзи со 3:2 и ги зголемија своите шанси за опстанок.

Погодокот кој на „Чеканите“ им ги донесе важните три бода го постигна Јармоленко во 90 минута. Челзи поведе преку Вилијан од пенал во 42 минута, за израмни Соучек во третата минута од судиското продолжение на првото полувреме, а Антонио ги доведе домашните во водство во 51 минута. Вилиан во 72 минута израмни, но Јармоленко во последната минута со прецизен удар ја донесе победата на Вест Хем.

Челзи остана четврти на табелата со 54 бодови, бод помалку од третопласираниот Лестер, а два бода повеќе од Манчестер Јунајтед и Вулверхемтон. Вест Хем го прескокна Вотфорд и сега е 16-ти со 30 бодови, три повеќе од зоната на испаѓање од лигата.