Вест Хем промаши со купувањето 30 напаѓачи

Марко Арнаутовиќ, Вест Хем Јунајтед

Англискиот фудбалски прволигаш Весте Хем Јунајтед во последните девет години купи 30 напаѓачи, но ниту еден од нив не успеа да постигне барем 20 голови во една сезона.

Откако Дејвида Сливен и Дејвди Голд во 2010 година ги преземаа „Чеканите“, челниците на Всет Хем купија дури 30 играчи во нападот, но ниеден од нив целосно не ги оправда очекувањата. Во 705 натпревариу во кои настапија тие ппостигнале вкупно само 147 погодоци.

Најефикасен е Енди Керол кој во 126 мечеви постугна 33 гола, а потоа следат Марко Арнаутовиќ со 21 погодок, Диафра Сако со 18 и Хавиер Ернандез со 15 погодоци.

Меѓу најлошите потенцијални засилувања, пак, се Беби Меккарти и Емануел Еменике. Јужноафриканецо на 11 натпревари не успеа да се впише во листата на стрелците, додека Нигериецот не постигна ниеден гол на 13 дуели.

Последниот напаѓач на Вест Хем кој во една сезона постигнал барем 20 голови беше Теди Шерингам во сезоната 2004/2005-та, кога „Чеканите“ беа второлигаши.

Поради ваквите промашувања, челнциите на клубот годинава се обидуваат да ги ангажираат голгетерите како Гонзало Игуаин или Диего Коста. Аргентинецот е играч на Јувентус кој последните две сезони ги мина како позајмен играч во Милан и во Челзи, додека Бразилецот кој настапуваше за шпанската репрезентација минатата сезона играше за Атлетико Мадрид.