Вест Хем скокна на четвртото место во Премиер лигата

44

Во средбата од 30-то коло од англиското фудбалско првенство Вест Хем Јунајтед на гостувањето го совлада во понеделникот Вулверхемптон со 3:2, со што скокна од седмото на четвртото место на табелата.

Ова беше важна победа на „Чеканите“ во борбата за пласман во Лигата на шампионите, прескокнувајќи ги Ливерпул, Тотенхем и Челзи.

Вест Хем фуруозно го отвори мечот и поведе со 3:0, со головите на Џеси Лингард во 6 а веќе во 14 минута Пабло Форнас го удвои водството, а Џерод Боувен во 38 минута погоди за сигурно водство. Меѓутоа, Вулверхемптон не се предаваше, Леандер Дендокер во 44 минута намали, а Фабио Силва во 68 минута со голот за 2:3 ја врати неузвеснота. Домашните до крајот на мечот настојуваа да израмнат, но не успеаја во намерите.

Во вториот дуел во понеделникот Евертон и Кристал Палас ремизираа 1:1. Евертон поведе во 56 минута со голот на Хамес Родригез кој настапи првпат по шест натпревари пауза поради повредата. Ова е неговиот стоти погодок во европските првенства, 32 постигна за Порто, 10 за Монако, 37 за Реал Мадрид, 15 за Баерн Минхен и 6 за Евертон.

Екипата на Карло Анчелоти имаше неколку шанси за водство, но не успеаја и казнатата дојде во финишот на мечот. Израмни Мишу Батшуи во 86 минута, само две минути откако влезе во игра.

Ремито ги расипа плановите на Евертон а се приближи позицијата која гарантира пласман во европските натпреварување следната сезона, осанувајќи на осмото место со 47 бодови. Кристал Палас остана на 12-то место со 38 бодови,

На врвот Манчестер Сити со 74 бодови, Манчестер Јунајтед е втор со 60, Лестер Сити има 56, а Вест Хем е четврти со 52 бодови. Следат Челзи со 51, Тотенхем со 49, колку што има и Ливерпул.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.