Веста на Либертас за состанокот на Груевски со Орав е конструкција

Нетпрес дознава дека веста која осамна на Либертас во која се опишува текот на состанокот помеѓу Груевски и амасадорите на земјите членки на ЕУ во земјава заедно со Аиво Орав е комплетно измислена и неточна.

Самата вест се поткрепува со анонимни и непотврдени извори чија релевантност е неверодостојна, како воопштени фрази и претпоставки кои се својствени за манипулативни текстови.

Од она што Нетпрес успеа да го дознае средбата поминала во целосна спротивност од она што го интерпретира Либертас.

Во текстот стои дека наводно Орав на средбата што ја имаше со Груевски во владата со амбасадорите вчера го прашал Груевски како избегал заробениот терорист во Куманово, нешто што според нашите извори е комплетно измислено и неточно.

Во текстот кој изобилува со шпекулации се вели дека амбасадорите не се служеле со речникот својствен за дипломатијата, туку биле доста груби, па потоа дека наводно поради доцнење амбасадорите сакале да си заминат и на крај дека се сакало да се избега од темата дека е потребно да се спроведе истрага за незаконско прислушкуваните материјали, нешто што е сосема спротивно и на сите јавни искази на Груевски дека тој е за целосно и комплетно завршување на истрагата.

Имено од она што го дознавме од наши извори воопшто тоа прашање не било отворено.

Груевски со амбасадорите имал отворен и конструктивен разговор. Главна тема биле областите поврзани со тековната политичка криза, напорите за нејзино надминување и предизвиците кои следат по разговорите меѓу политичките актери кои се одвиваа во присуство на Еврокомесарот Хан.