Вестбрук незапирлив, го брка рекордот за „трипл-дабл“

Најдобриот кошаркар на Оклахома Сити, Расел Вестбрук, ноќеска забележа 21 поен, 17 асистенции и 15 скока на дуелот со Бруклин што е 108-ми „трипл-дабл“ во неговата кариера.

Во оваа статистичка категорија, 30-годишниот Американец  се искачи на 3.место на вечната листа поминувајќи го Џејсон Кид.

Лидерот е Оскар Робертсон со 181 „трипл-дабл“ остварување, а на второто место е Меџик Џонсон со 138.