Веститe од Кина и од Netflix го поттикна Волстрит

На њујоршки Волстрит во вторникот цените на акциите пораснаа, најмногу во технолошкиот и комуникацискиот сектор, по вестите дека компанијата „Netflix“ има намера да ги зголеми цените за претплатите, а инвеститорите ги охрабри и најавата за новите поттикнувачки мерки во кинеската економија.

Индексот Dow Jones зајакна за 155 поени или за 0,65 отсто, на 24.065 поени, додека индексот S&P 500 порасна за 1,07 проценти, на 2.610 поени, а Nasdaq индексот скокна за 1,71 отсто, на 7.023 индексни поени.

Најмогу вчера порасна, за 1,7 отсто S&P индексот на комуникацискиот сектор, во кој се вклучени и компаниите „Netflix“ и „Alphabe“, а го следеше технолошкиот сектор со раст од 1,5 отсто. Притоа најмногу за 6,5 отсто скокна цената на акцијата на „Netflix“, откако компанијата која нуди телевизиска и филмска програма на интернет најави зголемување на цените за претплатниците во САД. Тоа го поттикна и растот на цените на акциите на другите технолошки гиганти, како што се „Alphabet“, „Amazon“ и „Apple“.

Поддршка на пазарот му дадоа и написите во кинеските медиуми дека тамошните власти рагледуваат нови поттикнувачки економски мерки. Најавата на новите марки следеше откако ден претходно беше објавено дека кинескиот извоз во декември минатата година паднал најмногу во последните две години, што укажува на слабоста на странската поборувачка. А бидејќи падна и кинескиот извоз, тоа значи дека слабее и домашната побарувачка, што укажува на побрзото од очекуваното забавување на растот на втората според обемот светска економија.

„Беше ова ден на добри вести. Кинеските власти настојуваат да го запрат забавувањето на растот на економијата, а добра вест е и дека Netflix проценува дека може да ги зголеми цените на претплатата“, вели за Reuters Џеј Џеј Кенахан, стратег во компанијата „TD Ameritrade“.

Меѓутоа, вложувачите се разочарани од деловните резултати на двете големи банки. Најголемата американска банка „JPMorgan Chase“ остварила во изминатиот квартал помала добивка отколку што се очекуваше, поради падот на приходите од тргувањето со обврзниците, додека „Wells Fargo“ извести за пад на приходите во речиси сите сегменти од работењето. И додека цената на акцијата на „Wells Fargo“ падна за 1,5 отсто, акцијата на „JPMorgan“ поскапе за 0,7 отсто.

Имајќи ги предвид низата предупредувања од големите американски компании за забавување на растот на глобалната економија, во тековната сезона на објавата на деловните резултати на американските компании, се очекува поспор раст на заработките отколку во претходните тримесечја, кога растеле повеќе од 20 отсто на годишно ниво. Во анкетата на Reuters, така, аналитичарите проценуваат дека заработките на компаниите од составот на S&P 500 индексот во изминатиот квартал пораснале за 14 отсто во однос на истиот период една година претходно.

Иневститорите на најголемата светска берза не беа поколебани ниту од веста дека британските парламентарци со убедливо мнозинство во првите часови на работењето на пазарите од другата страна на Атлантикот го отфрлија планот за брегзитот на премиерката Тереза Меј, предизвикувајќи политичка неизвесност од неуредено излегување од ЕУ, па дури и до повлекување на референдумската одлука за истапувањето од Унијата.

„Никој не очекуваше ништо позитивно од гласањето за брегзитот, па пазарот можеше тоа да го пренебрегне“, вели Кит Лернер, стратег во компанијата „SunTrust Advisory Services“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.