Вестрбук поради операција ќе паузира најмалку еден месец

Ѕвездата на Оклахома Сити, Расел Вестрбук, ќе мора да паузира најмалку еден месец поради артоскопија на коленото, објави споменатата НБА франшиза во четвртокот.

Дваесет и деветкогишниот седумкратен Ол стар кошаркар Вестрбук по четири седмиц повторно ќе биде подвргнат на медицински испитувања по коишто ќе биде одлучено дали ќе може да игра или ќе му биде потребно уште време за закрепнување.

Тој период е на само седум дена пред почетокот на новата сезона од најсилната кошаркарска лига на светот, во којашто Оклахома Сити ќе стартува против актуелниот шампион Голден Стејт Вориорс на 16-ти октомври.

Весбрук ја влече повредата на десното колено уште од 2013 година кога имаше три операции за една година. Меѓутоа, во последните четири сезони пропушти само дваесет натпревари.

Неговиот минатогодишен просек беше 31,6 кошеви по натпревар, 10,7 скокови и 10,4 астистенции.