Концентрациите на опасните ПМ10 честички утрово во најголем дел од Македонија се на граница или под максималната граница на дозволеното, што се должи на ведрото време и ветерот.
Единствено во мерните станици во Струмица, Тетово, Кичево и Кочани регистрирани се високи концентрации на ПМ10 честички.
Најавата за ваква промена пристигна вчера од Министерството за животна средина, во соопштението во кое ги објавија препораките за населението во врска со загадувањето, по два последователни дена енормно загадување.
На крајот беше најавено дека за денеска, според најавите од УХМР, не очекуваат поволни временски услови, односно променливо облачно и студено време, со засилен северен ветер.