Ветинг во судството по парламентарните избори

Процесот на ветинг во судството ќе биде разгледан по предвремените парламентарни избори на 12 април, пишува „Порталб.мк“.

-Ветингот во судството е постапка што најверојано ќе започне веднаш по парламентарните избори. Со одлуката за парламентарни избори се менува просторот, и  ќе имаме техничка влада, која, според законот, не смее да се занимава со организирање и поддршка на вакви постапки – одговори премиерот Заев на прашање на „Порталб.мк“.

Инаку, вчера ДУИ најави дека темата “ветинг” ќе ја вклучи во изборната програма.

Ветинг е постапка на разрешување на јавните функционери кои немаат интегритет за да ја вршат функцијата, а идејата за вакво прочистување е да се врати довербата на јавноста во работата на државните институции.

Процесот на ветинг, по правило, би требало да се врши преку проверка на одредена личност пред да ѝу се понуди одредено работно место. Зависно од работното место или проектот, процесот на ветинг може да се состои и во проверка на способностите, личноста, богатството или други фактори.