Вевчани македонска судба: Ги тепаш, а тие стануваат симбол за отпор и уривање власт!

Вевчани македонска судба. Домаќините сакаа вака или онака да ја одржат вековната традиција и да продефилираат низ вевчанските улици, запазувајќи ги мерките определени за коронавирусот. Гостите (полицијата) не беа мили, туку дојдоа да ја расипат вековната забава која овој пат беше само за жителите на Вевчани.

Планираното растурање направи многу поголема реклама на карневалот и Вевчани, како симбол за отпор, кое своевремено ја размрда цела Југославија, затоа што политичарите на сила сакаа да и земат нешто што е нивно. Да ја немаше полицијата се ќе поминеше како најобична вест на крајот од дневникот или во магазинските рубрики. Вака, веста за интервенцијата на полицијата го обиколи регионот и го зацврсти статусот на вевчанци на граѓани кои знаат да се спротивстават репресиите од власта.

Од друга страна, на социјалните мрежи може да се забележи колкава е вербата на жителите во она што го сакаат и нивната сплотеност.

Гледајќи во она што доаѓа, како голема државна операција – пописот, изгледа дека Заев е подготвен со сила да го протурка, односно да го фалсификува. Како што забележува еден профил на социјалните мрежи, подготвен е сè да му направи на својот народ.

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, преку статус на Фејсбук вчера напиша: „Кога Владата за своите во Штип е „мајка“, а за народот во Вевчани „маќеа“.

– Кога Владата цензурира критика и традиција долга илјадници години, а не спречува роденден на пример во самата Влада.

Кога самата власт организира избори во Штип и Пласница, а на народот му забранува да организира карневал зошто тој е критика за Владата.

Кога полицијата наместо криминалци, се тера да го брка својот народ …

Народе, добро запамети го овој ден и овие двојни аршини. Прво пораз, а потоа одговорност за сите од власта, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Да потсетиме дека на изборите за градоначалник Заев, Љупчо Николовски и новоизбраниот прв човек на Штип Сашко Николов победата ја прославуваа со сопартијци и музика. Али Ахмети го славеше роденденот во владина институција со куп луѓе без маска.

„Еднаш казнуваат зашто не носат маска, сега у Вевчани зашто носат маски, значи батка стварно крајот не може да им се фати“, пишува на Фејсбук страницата Шумарите (Миле Паника-носечки лик).

Со еден сатиричен статус се е кажано за двојните аршини на оваа власт. Значи, не носат маска, а ќе го фарбаат народот на пописот според желбите и нарачките. Кратко и јасно – лицемерие.

Во еден текст што се појави на социјалните мрежи во кој се анализираат дел од нашите сегашни и поранешни политичари, за Заев се вели дека е најслабата алка во синџирот на македонски политичари, кој, за да дојде на власт а и да остане, прифаќа секакви компромитирачки помошти и губитнички политики. Спроведувањето на пописот по желба на други, по цена и на пендрек, за него е успех за да го тапкаат по рамо и да му велат дека е мудар политичар, а всушност му ја продлабочуваат заблудата.

Бидејќи премиерот прими нови советници, заедно со оние старите, само нека ги прочитаат коментарите под некој текст за вчерашните случувања во Вевчани ќе им стане јасно што мисли народот за она што се случи и каков им е карактерот.

А кој се закачил со вевчанци судено му е да падне од власт.