ВИДЕО: Вежби за будење, со 30 минути до совршено тело

Еве неколку вежби за будење, благодарение на кои со 30 минути вежбање можете да дојдете до совршено тело, какво што отсекогаш сте посакувале.

Без разлика на тоа во колку часот се будите, лесната гимнастика е вистински начин за да го започнете денот, а потоа продолжете со серијата вежби што имате можност да ги погледнете.

Низ овој сет лесни и кратки вежби, што ќе ви одземат само околу 30 минути можете да го размрдате целото тело, да го забрзате работењето на срцето и крвотокот во утринските часови и да се разбудите без да пиете големи количества кафе!

Овие вежби се толку многу динамичи што по половина час вежбање, нема ниту да забележите клку всушност сте се умориле, а сепак се доволни прилагодени за да можете да ги практикувате во утринските часови кога веројатно немате многу енергија.

Пред вежбањето задолжително земете еден лесен, но нутритивно богат појадок од здравите опции на јаглени хидрати за да добиете енергија, а притоа да не го преоптоварите варењето.

Доколку барате вежби со кои би го отпочнале денот, можеби ќе ве интересираат и овие вежби, кои што се „скроени“ по мерка на Хајди Клум.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.