ВФранцуско вино посветено на ковид-19 во Франција

Францускиот винар Жан Плезентан направил вино “La Cuvee Qu’on vide 19” , кое го именувал по пандемијата на ковид-19, а етикетата на виното е дизајнирана за да потсетува на упатствата за задолжителните епидемиолошки мерки.

На задната страна на етикетата има дополнително објаснување со оптимистичка порака „Годината 2020 не донесе само вирус, туку и добра берба“.

Виното моментно се продава и се подарува на клиентите и деловните партнери на винската куќа, но благодарение на интернетот, голем е интересот за таа етикета.

Плезантан, сопственикот на винаријата Д, признава дека не го бива за промоција на виното преку социјалните мрежи.

– За оваа идеја дојдов во тек на бербата. Ми требаше малку време да ја реализирам замислата, но таа во основа е многу едноставна – вели Плезентан.