Вице Заев не се појави на судењето со Александар Николоски

На денешното судско рочиште за случајот во кој братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев, го тужи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, двете страни треба да дадат завршни зборови.

Вице Заев на денешното судење не е присутен. Во судница е неговиот адвокат, воедно и братучед, Горан Заев, а, пак, Николовски на ова рочиште е сам без својот адвокат.

И овој пат, не е дозволено медиумите да го снимаат судењето, иако дел од медиумите побараа дозвола за тоа, но не им беше дозволено.

На завршните зборови, се слушаше „це-де“ со изјавата на Николовски за Вице Заев, што е доставено со тужбата, а се читаа и наслови и извадоци од новинарски текстови од повеќе медиуми во кои е цитирана изјавата на Николовски. Во тек е материјална и вербална доказна постапка.

Останувам на одговорот на тужбата. Мојата изјава е дадена како потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Изјавата е дадена за да се упати критика на Владата предводена од СДСМ, со оглед на се поголемите критики во јавноста, а не да навредам некого. Делот во изјавата за наместени тендери не се однесува на Вице Заев, туку на работата на Владата. Работа на опозицијата е да ја критикува власта, рече Александар Николовски.

Пресудата за случајот е закажана за 22 април. Николовски бара да се отфрли тужбата како неоснована.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.