Вицепремиерката Царовска од денеска во самоизолација

Вицепремиерката Мила Царовска од денеска е во самоизолација по контакт со потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири.

„Ја информирам јавноста дека од денес сум во задолжителна самоизолација, откако вчера колегата Мухамед Зекири е позитивен на ковид-19. Во текот на минатата недела имавме заеднички состанок на кој сите бевме со заштитна опрема и на препорачаната дистанца. Сепак, согласно епидемиолошката анкета задолжително ќе останам во самоизолација до 9 јуни. Во текот вчерашниот ден направив и тест кој е негативен. Засега немам никакви симптоми и се чувствувам добро. Сите мои работни обврски продолжувам да ги извршувам непречено од дома“, напиша Царовска на својот профил на Фејсбук.

Таа на семејството Зекири му посакува брзо и успешно оздравување и закрепнување, како и на сите останати граѓани кои се борат со коронавирусот.