Вицепремиерот Битиќи во самоизолација по контакт со коронаинфицирано лице

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи на својот фејсбук профил посочи дека поради контакт со заразено лице, во следните неколку денови ќе биде во самоизолација, по што ќе направи и тест за коронавирус.

Поради контакт со позитивно лице, во следните неколку дена влегувам во самоизолација, после што ќе направам тест. Во моментов немам никакви симптоми и се чувствувам одлично“, пишува тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.