Вицепремиерот на Нов Зеланд даде ветување: Монструмот од Крајстчерч животот ќе го помине овде

Вицепремиерот на Нов Зеланд Винстон Петерс, денеска изјавил дека Брентон Трант, напаѓачот кој уби 50 лица во две џамии во Крајстчерч остатокот од животот ќе го помине во изолација во затвор,

Петерс се обратил на денешната итна седница за Организацијата за исламска соработка со Турција, која ја повикала Анкара за да се избори со предрасудите за муслиманите во сенка на нападот во Крајстчерч, пренесува АП.

Ердоган успеа да ја разбесни Австралија, од каде што потекнува напаѓачот, со тоа што наговести дека Австралијанците и граѓаните на Нов Зеланд, кои зборуваат против муслиманите, ќе се вратат дома во ковчег како и нивните предци кои се бореле во Првата светска војна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.